четврток, април 18, 2024
spot_img
Повеќе

    ТЕЦ Неготино од јануари со полн капацитет

    Во јануари 2022 година ќе се вклучи и вториот котел во ТЕЦ Неготино и третиот блок во РЕК Битола, информира директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

    Според Ковачевски, со максимално ангажирање на сите производни капацитети, ќе се обезбеди снабдување за грејната сезона, а од енергетската криза ќе излеземе без рестрикции, вложувајќи напори да се избегнат ситуациите кои веќе се случуваат во околните земји во однос на снабдувањето со електрична енергија.

    При увид на работата на АД ТЕЦ Неготино, Управниот одбор на АД ЕСМ информира дека термоелектраната непрекинато произведува електрична енергија од 18 декември и работи со половина капацитет, односно со еден котел со цел прилагодување и стабилизирање на системот по повеќегодишната пауза.

    Ладната резерва ТЕЦ Неготино по 12 години не работење, се активираше на 18ти месецов а во моментов произведува два гигавати струја дневно.

    Генералниот директор на АД ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, изјави дека термоелектраната континуирано работи веќе десет дена и не очекува проблеми во следниот период.

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ