четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Десеткратно повисоки цени од лани на гасот во Европа

    Додека цените на гасот уриваат рекорди, Украина објави дека се пожалила до ЕК против „Газпром“, обвинувајќи ја руската гасна компанија за создавање „вештачки недостиг“

     

    Приближувајќи се до  2.200 долари за илјада кубни метри, цената на гасот во европската трговија стигна до ново рекордно ниво.

    Цената на гасот во Европа е повисока за 15,5 пати од декември 2019 година, а во однос на минатата година се зголеми за 9,8 пати.

    Заменик-претседателот на Управниот одбор на „Газпром холдинг“, Фамил Садигов, изјави дека рускиот гасен гигант очекува цените на гасот постепено да паѓаат во следните две години, но ќе останат над претходното ниво.

    Високите цени ја намалија побарувачката на гас во Европа

     

    Украина денеска објави дека се пожалила до Европската комисија против „Газпром“, обвинувајќи ја руската гасна компанија за создавање „вештачки недостиг на гас“ во Европа, што доведе до историски скок на цените.

    „Постапките на Газпром се антиконкурентни и предизвикаа значителни негативни последици за европските потрошувачи“, соопшти Јуриј Витренко, генерален директор на украинската јавна компанија „Нафтогас“.

    Според „Нафтогас“, руски „Газпром“ нагло ја намали продажбата на својот гас на европскиот пазар и во исто време ги блокираше испораките на други руски групи и транзит на гас од Централна Азија во Европа преку Русија, со што директно ги прекрши европските антимонополски прописи.

    „Тоа е клучната причина за кризата и за рекордниот скок на цените во Европа“, рече Витренко, во време кога цената на гасот достигна нов рекорд.

    Украинската гасна компанија смета дека Газпром се обидува да „создаде вештачки недостиг на гас“ со цел да изврши притисок врз ЕУ да добие одобрение за брзо пуштање во употреба на нејзиниот спорен гасовод „Северен тек 2“.

    Оваа година Русија ја заврши изградбата на тој гасовод долг 1.200 километри, кој треба да ја поврзе со североисточна Германија, заобиколувајќи ја Украина.

    Заврши изградбата на „Северен поток 2“

    НАЈНОВИ ВЕСТИ