среда, април 24, 2024
spot_img
Повеќе

    Бислимовски: Нема да дозвлиме ценовни шокови кај парното греење

    Ако се покачи многу цената на парното ќе почнат луѓето да се исклучуваат и да се приклучуваат на греење на струја што уште повеќе ќе ја влоши ситуацијата со електричната енергија, вели директорот на РКЕ

     

    Се очекува цената на природниот гас за потоа да се одреди колку ќе чини парното греење, но нема нема да се дозволат ценовни шокови во однос на топлинката енергија, според директорот на Регулаторната комисија за енегетика (РКЕ), Марко Бислимовски.

    „Факт е дека цената на гасот е најсериозниот проблем поради кој настапи и кризата за електрична енергија и до крајот на годината имавме стабилна цена бидејќи од претходно биле закупени количини. Верувам дека цената што ќе ја обезбеди ‘Макпетрол’ ќе биде далеку поразумна од тие што беа на берзите низ Европа. Според таа цена што ќе ја обезбеди ‘Макпетрол’ како трговец со природен гас, понатаму ќе ја определуваме и цената за парно. Да почекаме да видиме каква ќе биде цената за природен гас, која има сериозно влијание на крајната цена, односно 70 проценти“, рече Бислимовски во гостување на „Топ-тема“ на Телма.

    Тој рече дека врз основа на таа цена ќе се креираат конкретни предлози и мерки како да се реши таа ситуација.

    „Ако се покачи многу цената на парното ќе почнат луѓето да се исклучуваат и да се приклучуваат на греење на струја што уште повеќе ќе ја влоши ситуацијата со електричната енергија. Тек тогаш можеме да имаме сериозни проблеми особено со испади во Скопје. Нема да дозволиме ценовни шокови во однос на парното“, нагласи Бислимовски.

    ЕВН дистрибуција побарала 100 отсто повисока цена на струјата

    НАЈНОВИ ВЕСТИ