петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Бектеши на Косово разговара за набавка на јаглен

    Можноста за набавка на јаглен од Косово за потребите на Северна Македонија за зголемување на домашното производство на електрична енергија била тема на разговор на состанокот на министерот за економија Крешник Бектеши со министерката за економија на Република Косово, Артане Ризваноли.

    На состанокот, како што информираат од кабинетот на Бектеши, било договорено во наредниот период да биде потпишан Меморандум за разбирање меѓу двете земји со кој ќе се обезбедат потребните количини јаглен за непречено производство на електрична енергија од домашните енергетски капацитети во Северна Македонија.

    Бектеши, се вели во соопштението, најпрвин и се заблагодари на министерката Ризваноли за приемот и и посакал успех во нејзиниот мандат во иднина, и додал дека секоја криза бара соработка и дека двете страни се заинтересирани за натамошно продлабочување на соработката во иднина.

    –Ние и претходно сме разговаравме, многу сме заинтересирани да ја продлабочиме соработката особено во однос на набавка на јаглен од Република Косово во Северна Македонија за потребите на функционирањето на термоцентралите бидејќи капацитетите во однос на експлоатација на јаглен ни се ограничиени и имајќи предвид дека Косово има значителни резерви сметаме дека техничките тимови треба да изнајдат решение кое ќе биде вин-вин и за Република Косово, но и за Северна Македонија. На тој начин да се зголеми соработката не само со увозот на јаглен, туку и во однос на пазарот на електрична енергија воопшто за двете земји. Ние сме крајно заинтересирани да се изнајде такво решение, имајќи предвид дека во одредени месеци и Косово можеби ќе треба да увезува струја од Северна Македонија и обратно, но за да се постигне тоа сигурно треба да го зголемиме производниот капацитет. Верувам дека еден ваков договор, од кој ќе имаат корист и двете земји, ќе биде договор кој во наредниот период период ќе обезбеди стабилност во снабдувањето со електрична енергија, истакна министерот Бектеши.

    Министерка за економија на Косово, Артане Ризваноли рекла дека треба активно да се работи во иднина и изразила согласност дека од овој договор ќе имаат придобивки граѓанитете на двете земји.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ