четврток, март 28, 2024
spot_img
Повеќе

    Владата одобри уште две инвестиции за соларни електрани

    Овие стратешки инвестиции се во вкупна вредност од 116 милиони евра и ќе се реализираат во Пехчево и во Карбинци

     

    Две стратешки инвестиции за соларни електрани вредни 116 милиони евра одобри Владата на денешната седница. 

    Како што соопштија од Владата, донесена е одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство, трговија и услуги „РИНУАБЛ ПАУЕР ИНТЕРНАТИОНАЛ ДООЕЛ“ – Скопје, односно за инвестиција фотонапонска електрана со јачина од 85 мегавати. Соларната електрана на стратешкиот инвеститор, вредна 63 милиони евра ќе биде изградена во атарот на Долни Балван, во Општина Карбинци.

    На денешната седница, Владата донесе уште една одлука за утврдување стратешка инвестиција за компанијата „ХЕК СОЛАР МК ДООЕЛ“ – Скопје, која  ќе инвестира во изградба на фотонапонска електрана со јачина од 70 мегавати и со вредност од 53 милиони евра. Инвестицијата ќе се реализира во Општина Пехчево.

    Соларен парк за производство на струја ќе се прави на просторот за карго аеродром во Штип

    НАЈНОВИ ВЕСТИ