среда, април 24, 2024
spot_img
Повеќе

    Новата цена на струјата ќе биде во интерес на граѓаните, уверува Бектеши

    Министерот за економија ја повика опозицијата да седнат и да ги разгледаат и нивните анализи во однос на енергетската состојба и најавата за нова цена на електричната енергија

     

    Цената на струјата ќе биде во интерес на граѓаните, уверува министерот за економија, Крешник Бектеши во врска со најавите за можно поскапување од почетокот на следната година.

    Во гостување на ТВ24, тој ја повика опозицијата да седнат и да ги разгледаат и нивните анализи во однос на енергетската состојба и најавата за нова цена на струјата.

    Околу најавеното поскапување на електричната енергија, Бектеши вели дека за одлуката е надлежна Регулаторната комисија за енергетика.

    „Секако, цената ќе биде во интерес на граѓаните и домаќинствата. Правиме големи напори да нема ценовни шокови и во делот на слободниот пазар, каде се поголемите потрошувачи и индустријата во целина. Во делот на домаќинствата и малите потрошувачи пазарот е регулиран и цените не можат да се менуваат, затоа што двапати годишно РКЕ носи цена за регулиран пазар. Наредната година ќе биде 60 проценти. За домаќинствата да не плаќаат повисоки цени за електрична енергија, во јуни донесовме и сега ќе донесеме одлука  ЕСМ да ги покрива потребите на ЕВН Хоум од 100 отсто, рече Бектеши.

    Тој најави и дека Владата наскоро ќе ги замрзне продажните цени на основните прехранбени производи, како брашно, шеќер, ориз, масло за готвење, а можеби и на месото.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ