понеделник, април 22, 2024
spot_img
Повеќе

    Рекордна потрошувачка на гас во Европа

    Потрошувачката на гас од складиштата во Европа во ноември изнесувала околу 11,68 милијарди кубни метри

     

    Повлекувањето на гас од подземните складишта во Европа во ноември достигна нов рекорд во последната деценија, односно од 2011 година, покажуваат податоците на Гас Инфраструктура Европа (ГИЕ).

    Потрошувачката на гас од складиштата во Европа во ноември изнесувала околу 11,68 милијарди кубни метри. Ова е втор врв од 2011 година, а првиот беше во 2016 година, кога од европските складишта за гас беа повлечени 11,78 милијарди кубни метри.

    Така, вкупното полнење на европските складишта на крајот на претходниот месец се намали на 68,05 проценти и сега изнесува околу 73,46 милијарди кубни метри.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ