четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕСМ ги разреши директорите во РЕК Битола и РЕК Осломеј

    На седница на Управниот одбор на АД ЕСМ донесена е одлука за кадровски промени во РЕК Битола и во РЕК Осломеј, сопштија од оваа компанија.

    Разрешен е директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски и на негово место за в.д. директор е назначен Пеце Матевски, досегашен директор на Термоелектрана.

    Во РЕК Осломеј разрешен е директорот Златко Пиперкоски и на негово место за в.д. директор е назначен Стојан Мицкоски, досегашен технички директор во Рудници.

    Во следните денови ќе бидат извршени и други кадровски поместувања внатре во комбинатите, со цел подобрување на процесот на производство и соочување со предизвиците од енергетската криза, соопштија од АД ЕСМ.

    Смените се носат во екот на енергетската криза.Владата на Северна Македонија, на 9 ноември прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор во треање од 30 дена.

    Во време на енергетска криза се случи трите блока на РЕК Битола да не работат во исто време, во третиот имаше пожар, по што првиот беше исклучен, а вториот беше на сервис.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ