петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Владата одобри проект за изградба на соларен парк

    Станува збор за инвестиција вредна 270 милиони евра, со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегават часови

     

    Ќе се гради соларен парк во земјава, со капацитет за производство на електрична енергија до 400 мегават часови. Овој стратешки проект ќе го реализира француска компанија.

    На денешната седница, Владата донесе Одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР“ – Скопје.

    Како што информираа од Владата, станува збор за инвестиција за изградба на „Соларен парк Стипион“, вредна 270 милиони евра. Преку оваа компанија, проектот ќе го реализира „Акуо Енерџи Сас Париз“ (Akuo Energy Sas Paris) од Франција, со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегават часови.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ