четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Владата денес ќе прогласи вонредна енергетска криза

    Владата, според најавите, денеска на седница треба да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор за да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании, прес се МЕПСО и АД ЕСМ.

    Рестрикции на струја нема да има, според најавите од Министерството за економија, а до крајот на годината нема да се зголеми ниту цената на електичната енергија за домаќинствата.

    Министерот за економија Крешник Бектеши минатата недела најави дека ќе и се предложи на Владата да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор, како и дека има средства за да се интервенира, а во зависност од тоа колкави се потребите на енергетските компании, толку средства ќе бидат пренасочени директно од Буџетот.

    Во Буџетот, како што кажа, моментно има 100 милиони евра на располагање кои не се искористени од фондот за справување со ковид пандемијата.

    Владата на 30 октомври донесе Уредба за прогласување кризна состојба при недостиг на електрична енергија, а како што објаснија тогаш од Министерството за економија таа е донесена со цел нејзино усогласување со одредбите на Законот за енергетика.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ