четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Цената на струјата ќе расте, треба да се заштитат најранливите категории

    До Нова година цените се заштитени, а потоа ќе ја делиме судбината на целиот свет, вели Кочо Анѓушев

     

    Цената на струјата ќе расте по Нова година, вели познатиот стопанственик и поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев. Тој смета дека државата треба да ги заштити најранливите категории граѓани.

    „Ние ја делиме судбината на цела Европа. До Нова година цените се заштитени, а потоа ќе ја делиме судбината на целиот свет. Ние не можеме да бидеме исклучок. Секако дека е политичка одлуката за тоа колку ќе се заштити цената, ама може да се заштити само до таму да не го уништите ЕСМ“, изјави Анѓушев во „Студио 10“ на ТВ 24.

    Државата, вели Анѓушев, има механизми, како пакети за заштита од економска сиромаштија.

    За најранливите категории граѓани потребно е да се зголеми износот во буџетот за на тие луѓе да им се плаќаат сметките на струја. Во светот така се справуваат со овој проблем“, изјави Анѓушев

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ