петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Девет компании доставија понуди за јаглен за РЕК „Битола“

    На повторениот повик за набавка на јаглен се  јавиле домашни фирми кои нудат јаглен од два домашни рудници, како и од фирми од Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и од Турција

     

    Девет компании се јавија на повторениот повик за набавка на јаглен за третиот блок на РЕК „Битола“ за дополнително производство на електрична енергија наменето за стопанството и државните институции. Од АД ЕСМ велат дека понудите ги исполнуваат бараните количини од 900 илјади тони јаглен. 

    Како што посочува, понуди се доставени од домашни фирми кои нудат јаглен од два домашни рудници, како и од фирми од Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и од Турција.

    „Следува техничка евалуација, односно проверка дали понудениот јаглен ги задоволува минимум техничките карактеристики, по што ќе се прави економско-финансиска евалуација на понудите. Што се однесува до јагленот за ТЕЦ ‘Осломеј’ од првиот повик за набавка, се очекува во понеделник да се официјализира изборот на понудувачот на 300 илјади тони јаглен и да се потпише договор, по што веднаш ќе започне испораката со динамика предвидена во договорот“, велат од ЕСМ.

    Нагласуваат дека се во постојана комуникација со Владата и со ТЕЦ „Неготино“, со цел стартување на термоелектраната.

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ