петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Донесена уредба под кои услови може да се прогласи кризна енергетска состојба

    Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на електрична енергија начинот на снабдување со електрична енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба, како и првата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности била донесена во саботата од страна на Владата, и објавена вчера во Службен весник.

    Станува збор за документ кој се донесува во согласност со Законот за управување со кризи и кој овозможува координација на надлежните институции, но не значи и автоматско прогласување на кризна состојба поради нарушено снабдување со електрична енергија.

    Од Министерството за економија велат дека не станува збор за прогласување на енергетска криза и дека остануваат на ставот донесен по средбата со претсатвниците на енергетскиот сектор минатата недела дека нема потреба од прогласување.

    Оттаму додаваат дека станува збор за измени во уредбата неопходни поради законските измени. Имено досега на сила била уредба од 2012 година а во 2018 година е донесен нов закон за енергетика и затоа уредбата не кореспондирала со учесниците во енергетскиот сектор и обврските кои тие треба да ги превземат.

    Уредбата на 12 страници е донесена на 30-ти октомври, во саботата во предизборниот молк.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ