среда, април 24, 2024
spot_img
Повеќе

    Регулаторната им ги одзеде лиценците на двајца трговци на гориво

    Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека се одземени лиценците на трговците Пертинакс за трговија на големо со мазут и на Гуливер Инжинеринг за трговија на големо со Еуродизел БС.

    Лиценците, како што посјаснуваат од РКЕ, се одземаат поради тоа што трговците на големо не доставија докази дека поседуваат резервоари за соодветниот нафтен дериват.

    ОД РКЕ информираат дека ДАДИ ОИЛ ДООЕЛ Јакимово Виница доставил документи со кои докажува дека поседува резервори за Еуросупер БС 95, по што Комисијата ја запрела постапката. БАШИНО ГАС извоз – увоз ДООЕЛ Велес, пак, приложил документи за обезбедени резервоари за вршење на енергетска дејност трговија на големо со течен нафтен гас (ТНГ).

    -Двајца трговци на големо не доставија докази дека имаат резервоари за складирање на дел од нафтени деривати, што се основни средства за работа. Токму поради тоа што не поседуваат основи средства РКЕ донесе одлуки со кои им ги одзеде лиценците за вршење на енергетска дејност за Еуродизел БС на Гуливер Инжинеринг и на Пертинакс за мазут. Овие трговци не можат да тргуваат со овие поединечни деривати, затоа што немаат лиценца, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

    Што се однесува за постапките за одземање на лиценци кои беа отпочнати за оперативните резерви на мазут, РКЕ ги добила записниците од извршениот инспекциски надзор на Државниот пазарен инспекторат во кои се констатира дека трговците ги поседуваат оперативни резерви по што биле донесени одлуки со кои се запрени постапките за РКМ ДООЕЛ Скопје, Ли – ОИЛ ДБ ДООЕЛ увоз- извоз Кавадарци, СУПЕРТРЕЈД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ