сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Фон дер Лајен: Премногу сме зависни од гас, потребна е брза транзиција кон чиста енергија

    Претседателката на ЕК повторно ги повика земјите членки на ЕУ да ги прилагодат даноците и трошоците за енергија за да ги заштитат најсиромашните граѓани

     

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска им предочи на земјите-членки дека се „премногу зависни од гасот“, во контекст на  енергетска криза, поради која цените на бензинот се искачија на рекордно ниво.

    Фон дер Лајен ги повика земјите од ЕУ да ја намалат зависноста од природниот гас и ја истакна потребата од „зелениот договор“, пренесува Еуроњус.

    „Брзата транзиција кон чиста енергија ќе ја направи Унијата понезависен глобален играч. Денеска Европа е премногу зависна од гасот и увозот на гас. Одговорот има врска со диверсификацијата на нашите добавувачи и, што е најважно, забрзување на транзицијата кон чиста енергија“, рече претседателката на ЕК.

     

    Фон дер Лајен ја повика ЕУ да ја забрза транзицијата кон чиста енергија од ветер и сонце, која може да се произведува во земјите и на крајот ќе биде многу поевтина од увезените фосилни горива.

    Неодамнешниот раст на цените на бензинот ги погоди најранливите во ЕУ, а Фон дер Лејен повторно ги повика земјите – членки да ги прилагодат даноците и трошоците за енергија за да ги заштитат најсиромашните граѓани.

    „Транзицијата кон чиста енергија е од витално значење не само за нашата планета. Тоа, исто така, е клучно за нашата економија и за одржливоста на цените на енергијата“, рече таа пред европратениците.

    Зелениот договор на Европската комисија има за цел до 2030 година да ги намали емисиите на штетни гасови со ефект на стаклена градина за 55 отсто и до 2050 година Унијата да ја направи неутрална на јаглерод.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ