среда, април 24, 2024
spot_img
Повеќе

    Високите цени ја намалија побарувачката на гас во Европа

    Рускиот заменик -министер за финансии ги отфрла тврдењата дека Русија ги прекина испораките на европскиот пазар, каде што цените на електричната енергија и на гасот драстично се зголемија поради недоволната понуда и силната побарувачка, паралелно со закрепнувањето на економијата од пандемијата

     

    Индустрискиот сектор во Европа почна да ја намалува побарувачката за природен гас.  Мошне високите цени го направија тој енергенс недостапен за многу корисници. Просечната потрошувачка во октомври беше 12 проценти помала отколку пред пандемијата, според пресметка на консултантската агенција „Energy scan“, со седиште во Париз.

    Потрошувачката на гас почна да опаѓа во септември, а потоа беше пет проценти помала отколку во истиот месец во 2019 година, јави Блумберг.

    „Во индустрискиот сектор во Европа, постои тренд на намалена потрошувачка и побарувачка за гас“, вели директорот на „Energy сcan“, Жулиен Хоарау.

    Според него, досега намалувањето на потрошувачката е најочигледно во Германија, Холандија и  во Велика Британија, но треба да  се почеканеколку недели за да се види дали ќе остане така кога ќе се зголеми побарувачката во грејната сезона.

    Непосредно пред почетокот на зимата, цените на природниот гас достигнаа рекордни нивоа. Одредени енергетски интензивни компании привремено престанаа да работат, бидејќи нивното одржување станува прескапо. Кризата ги зафати и снабдувачите со енергија и влијае врз потрошувачите во Европа.

    Референтниот договор за гас неодамна беше повлечен со надеж дека Русија ќе го зголеми износот на испораките. Сепак, цените на гасот се и понатаму четирипати повисоки.

    Во меѓувреме, руски владин претставник изјави дека  „Газпром“ посегна од своите резерви за да го зголеми снабдувањето со природен гас  преку гасоводната мрежа и да ги стабилизира цените.

    Рускиот заменик -министер за финансии, Сергеј Рјабков, во интервју за Би -би -си ги отфрли тврдењата дека Русија ги прекина испораките на европскиот пазар, каде што цените на електричната енергија и гасот драстично се зголемија поради недоволната понуда и силната побарувачка паралелно со закрепнувањето на економијата од пандемијата.

    „Ја поддржуваме енергетската безбедност на Европа, сакаме да соработуваме … ‘Газпром’, всушност, почна да пумпа гас од своите резерви и да го испраќа до цевководите за да го стабилизира пазарот. Се обидуваме смислено, смирено и разумно да ја стабилизираме ситуацијата. Не е во наш интерес да предизвикаме уште поголем хаос, изјави Рјабков.

    Група европратеници побараа од Европската комисија да ја испита улогата на „Газпром“ во зголемувањето на цената на бензинот, тврдејќи дека руските компании се осомничени дека манипулирале со пазарот поради нивното однесување, потсетуваат британски медиуми.

    Парламентарците, исто така, се сомневаат дека компанијата сака да изврши притисок врз Европа да се согласи на претстојното отворање на гасоводот „Северен тек 2“, што треба да го доставува рускиот гас до Германија.

    „За нас би било подобро ако цените на европскиот пазар паднат“, нагласи рускиот функционер.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ