петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Министерството за одбрана и Народната Банка останаа без снабдувач на електрична енергија

    Министерството за одбрана и Народната Банка се само две од повеќе институции кои во изминатиов период останале без снабдувач со електрична енергија, јавува „360 степени“.

    И во двата случаи, фирмите што ги избрале на тендер за годишно снабдување, им го раскинале договорот.

    Снабдувач на  Министерството за одбрана била Енерџи Активе од Скопје, фирма која, патем, во последниве 12 месеци има над 100 договори со државни институции за продажба на струја.

    Снабдувач со електрична енергија на Народната банка, пак, била домашната „У Повер“. Компанијата, во последнава година, има најмалку 20 договори за јавни набавки со државни институции.

    Еден од двајцата газди е Арианит Џафери, инаку син на екс вицепремиерот од редовите на ДУИ, Муса Џафери. Арианит минатата недела физички го нападна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, бидејќи започна постапка за евентуално одземање на лиценцата.

    Се повеќе државни институции остануваат без снабдувач на електрична енергија бидејќи некои фирми-снабдувачи ги откажуваат договорите.

    Од вкупно 13 компании снабдувачи на електрична енергија , дури за осум се води постапка во Регулаторната комисија за енергетика.

    Целиот текст на „360 степени“ можете да го прочитате овде

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ