петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Германска компанија ќе гради ветерници од Куманово до Крива Паланка за 500 милиони евра

    Германската компанија ВПД ќе гради 415-мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово-Старо Нагоричане-Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра.

    Станува збор за проектот „Вирови“, кој треба да биде готов за шест години.

    Како што соопшти премиерот Зоран Заев, станува збор за најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија од независноста до денес.

    Ќе се гради, рече Заев, ветерен парк т.н. Вирови – најголем капацитет од обновливи извори на енергија во земјава, колку што имаат двата болка на РЕК Битола. Поставени ќе бидат 69 нови ветерни турбини што е за четири пати повеќе од досегашните 16 на границата со Грција, кои ќе создаваат над 400 мегавати струја.

    „Вирови“ нема да користи никакви повластени тарифи од државата, ќе снабдува 290.000 домаќинства со електрична енергија, а инвестицијата ќе се одвива во неколку фази.

    WPD работи во 28 земји и располага со над 5.000 мегавати инсталиран капацитет во обновливи извори.

    Инвестицијата ја поздрави и германската амбасадорка Анке Холтајн, посочувајќи дека проектот ќе овозможи годишно намалување од 310.000 тони јаглерод диоксид.

    -Драго ми е што гледам се поголема соработка меѓу двете земји во полето на енергетиката. Проектот ги поддржува амбиционзите цели на македонската Влада во енергетската транзиција, истакна амбасадорката и напомена дека договорот ќе трае 45 години.

    Андреа Бјорн Шолет, овластен претставник за германската компанија ВПД вели дека ова е прва земја од Западен Балкан која размислува на елиминација на јагленот како средство за обезбедување електрична енергија до 2030 година.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ