сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Заев : Ќе плаќаме и казни само за да ги стопираме малите хидроцентрали

    На предизборен собир во Ростуше, лидерот на СДСМ најави фокусирање на обновливи извори на енергија

    Стопирање на малите хидроцентрали за да се зачува животната средина најави  претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој во рамки на кампањата за локалните избори, беше денеска во Ростуше.
    „Денеска можеме да се пофалиме дека донесовме одлуки да платиме колку треба казни за да ги стопираме малите хидроцентрали што ја уништуваат цела оваа околина. Во минатото заради пари, а не заради друго, направиле договори од кои државата ќе плаќа. На крајот да ќе платиме, тоа се само пари, но ќе го зачуваме здравјето на луѓето, ќе ја зачуваме оваа природа и оваа убавина што ја имаме и ќе ја оставиме надоградена со повеќе зеленило и заштитена“, рече Заев на предизборен собир.
    Зборувајќи за обновливи извори на енергија,  тој рече дека се постигнати договори за преку 650 мегавати сончеви колектори и за 500 мегавати ветерници. Само во РЕК „Битола“, рече три блока се 600 мегавати, затоа што еден ден треба да ги затвориме не подоцна од 2030 година РЕК „Битола“ блока и РЕК „Осломеј“.
    „Затоа градиме обновливи извори на енергија, но вложуваме и во заштита на животната средина. Сите овие канализации и водни линии, прочистителни станици во иднина и новите депонии кои ќе се изградат по европски стандарди, се ова е во прилог на заштита на животната средина“, рече Заев. 

    НАЈНОВИ ВЕСТИ