петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Снабдувањето со струја и гас од лани поскапело за над 20 отсто

    ДЗС нотира и покачување од еден процент во август годинава во споредба со јули

     

    Цените за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација во август се повисоки за еден отсто во споредба со претходниот месец, додека  во споредба со август минатата година се повисоки за 21,3 проценти.

    Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 1,7 отсто  на месечно ниво, а за 14,1 проценти на годишно ниво.
    Во август 2021, во споредба со јули 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот рударство и вадење на камен за 0,8 отсто, во секторот преработувачка индустрија за
    1,9 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за еден процент.
    Во август 2021, во споредба со август 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,вкупно, се повисоки во секторот рударство и вадење на камен за 18,5 проценти, во секторот преработувачка индустрија за 13,3 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 21,3 проценти, се наведува во соопштение на ДЗС.

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ