четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Бислимовски: Нема причини за поскапување на струјата!

    Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски вели дека не гледа причина за поскапување на електричната енергија за домаќинствата иако цената на светските берзи се зголеми на 140 до 150 евра за мегават час и порачува дека актуелната цена ќе остане најмалку до крајот на декември.

    -Нема причина да се прави каква било паника. Граѓаните треба да бидат мирни оти ‘А.Д. Електрани’ го покрива пазарот во целост и ги обезбедува потребните количини на електрична енергија. И тоа по 36 евра за мегават час во услови кога цената на светските берзи е 140 или 150 евра. Обезбедени сме до Нова година, но и потоа, ќе имаме тендер и А.Д. ЕСМ повторно ќе има понуда и не мислам дека може да се очекуваат промени. Така што засега не гледам причини за корекции на цената на струјата која, да ве потсетам, се утврдува секогаш во јуни“, изјави за Дојче веле Марко Бислимовски.

    За случувањата на светските берзи тој смета дека се резултат на повеќе фактори, меѓу кои и шпекулации кои влијаат и на домашниот пазар.

    – Ова што се зголемуваат цените на берзите е на слободниот пазар. Во принцип никаде нема зголемување на трошоците на производство во Европа, ова е пред се шпекулативно направено. Станува збор за инцидентна ситуација. Ние се бориме да ги задржиме снабдувачите, има такви кои си ги гарантираат цените но започнавме постапка за некои од нив кои се покажаа несериозни и незаконски ги откажаа договорите. Едноставно вршиме притисок да си ги завршат обврските. Компаниите имаат проблеми, но за тоа ние како регулатори не можеме повеќе да сториме. За тој дел на потег е државата, односно Владата, укажува Бислимовски.

    Целиот текст на ДВ.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ