четврток, март 28, 2024
spot_img
Повеќе

    Просечната цена на струјата за домаќинства зголемена за 0,2 проценти во првото пологодие

    Во првото полугодие од годинава просечната цена на струјата изнесувала 5 156 денари по киловат час

     

    Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во првото полугодие од годинава е зголемена за 0,2 проценти во однос на второто полугодие лани, објави Државниот завод за статистика.

    Според податоците од ДЗС, просечната цена на струјата во првото полугодие од годинава изнесувала 5 156 денари по киловат час.

    „Просечната цена на електричната енергија, без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3 565 до 7 575 денари по KWh по групи на потрошувачи“, соопштува ДЗС.

    Просечната цена на природниот гас, без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, во првото полугодие од годинава се движела од 12 665 до 23 017 денари по нормални метри кубни по групи на потрошувачи.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ