вторник, април 23, 2024
spot_img
Повеќе

    Францускиот премиер најави замрзнување на цените на гасот

    Мораме да управуваме со исклучителниот скок на цените на гасот оваа зима, вели Жан Кастекс

     

    Францускиот премиер Жан Кастекс најави дека ќе ги  замрзне цените на гасот до април.

     „Мораме да управуваме со исклучителниот скок на цените на гасот оваа зима. Овој ценовен удар се очекува да се регулира напролет“, рече Кастекс.

    Регулираните цени на гасот денеска ќе пораснат за 12,8 отсто, што би било последно поскапување, како што вети Кастекс, откако цените пораснаа за 25 отсто, под притисок на светските пазари.

    Во средината на септември, владата објави исплата од 100 евра во декември за 5,8 милиони корисници на енергетски чек. Сепак, без „тарифниот штит“, трите милиони Французи што се претплатија на регулираната тарифа за гас, би имале повисока сметка за уште 30 отсто до крајот на годината.

    Владата прецизира дека има право да ги замрзне цените на овој начин. Законот го дозволува тоа во случај на исклучително зголемување на цените на нафтените производи или пазарните цени на природниот гас. Потоа следува приспособување, кое може да се организира во период од една или една и пол година.  

    Цената на електричната енергија се очекува да порасне за околу 12 отсто во февруари, но Кастекс ветува дека ќе го спречи тоа и најавува намалување на данокот што ќе го ограничи зголемувањето на четири отсто.

    Мерката ќе чини четири милијарди евра.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ