четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    „Газпром“ потпиша договор за испорака на 4,5 милијарди кубни метри гас годишно на Унгарија

    Унгарија вчера потпиша нов долгорочен договор за снабдување со гас со „Газпром“, заобиколувајќи ја Украина. Документот го потпишаа челниците на „Газпром“ и енергетската компанија МВМ во Министерството за надворешни работи на Унгарија.

    Според договорот, вкупниот обем на испораките е максимум 4,5 милијарди кубни метри гас годишно, а рокот на важност на договорот е 15 години.

    Унгарија од 1 октомври ќе почне да прима гас од „Газпром“ преку Турски поток, кој минува низ Бугарија и Србија, и гасоводи во Југоисточна Европа.

    „Значајна компонента на новите договори е диверзификацијата на маршрутите за испорака. Веќе од 1 октомври Унгарија ќе почне да добива гас од „Гаспром“ преку „Турски тек“ и гасоводот на Југоисточна Европа. Тоа е овозможено во голем дел благодарение на напорите на бугарските, српските и унгарските компании во развојот на националните гасоводни системи“, рече првиот човек на „Гаспром“, Алексеј Милер.

    Во 2020 година „Гаспром“ ѝ испорача на Унгарија 8,6 милијарди кубни метри гас. Тоа е втор по ред показател за последните 12 години.

    Украина, која ќе загуби милиони од за транзитните такси, објави соопштение во кое се вели дека договорот потпишан од Унгарија е „чисто политичка, економски апсурдна одлука“ и дека ги нарушува билатералните односи.

    Амбасадорот на Украина беше повикан во Министерството за надворешни работи на Унгарија во врска со постапките на Киев во однос на договорот што Будимпешта го склучи со руската државна корпорација „Газпром“. Ова се наведува во изјавата на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, објавена на неговата Фејсбук страница.

    „Дејствата на украинската Влада против овој договор преку Европската комисија се крајно безобразни“, се вели во текстот и се додава: „Украина нема никаква врска со она за што преговараме“.

    Сијарто нагласи дека Будимпешта ги доживува таквите потези на Киев како „кршење на суверенитетот (на Унгарија) и интересите на неговата национална безбедност“.

    – Го повикавме амбасадорот на Украина во Министерството за надворешни работи, рече тој.

    Сијарто го нарече потегот на Киев „непријателски“, истакнувајќи голем број мерки за поддршка што Унгарија претходно и ги пружи на земјата, вклучително и обезбедување „апарати за дишење, медицинска опрема, воена помош, детска рекреација и финансирање инвестиции“.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ