четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Криза за гориво во Британија, долги колони и затворени бензински пумпи

    Можно е возачите да бидат ограничени да купат само 30 фунти гориво, што предизвика паника и колапс на бензинските пумпи низ земјата

     

    Паника владее меѓу возачите во Велика Британија, кои во долги колони чекаат пред бензинските пумпи за да наполнат гориво, откако искрсна проблемот со испорака поради недостиг на возачи на камиони.

    Како што јавуваат британските медиуми, можно е возачите да бидат ограничени да купат само 30 фунти гориво, што предизвика паника и колапс на бензинските пумпи низ земјата.

    На одредени места интервенирала и полицијата, бидејќи се создал вистински хаос, а некои од возачите почнале да полнат канти со гориво откако со часови чекале во редица.

    Британската влада ги повика возачите да „продолжат со нормално купување“ и да го  прекинат метежот.

    Иако од „Даунинг стрит“ велат дека нема недостиг, министрите се под притисок да преземат акција за ублажување на акутниот недостиг на работна сила и на прекините во синџирот на снабдување, предизвикани од Брегзит и од пандемијата.

    Здруженијата на трговци бараат од владата да смисли визна шема за да помогне да се бараат повеќе работници во фармите, фабриките и патниот транспорт.

    Во меѓувреме, се  затворени најмалку 100 бензински пумпи. 

    Кабинетот на премиерот, Борис Џонсон, соопшти дека има проблеми во неколку индустрии и дека владата тесно соработувала со бизнис лидерите за оваа недела  да помогне да се најде решение.

    Џонсон се согласи привремено да ги „олабави“ имиграциските правила, за да можат странски возачи на теретни возила да работат во В.Британија и да помогнат во надминување на кризата со недостиг на возачи.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ