петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Во Солун потпишан Договорот за изградба на интерконекторот меѓу С Македонија и Грција

    Договорот го потпишаа извршните директори на ДЕСФА и на НЕР, во присуство на грчкиот министер за животна средина и енергија и амбасадорите на САД во двете земји

     

    Грчкиот оператор за пренос на гас во Грција (ДЕСФА) и Националните енергетски ресурси (НЕР)  од Северна Македонија потпишаа договор за соработка за изградба на на интерконекторот меѓу двете земји, за време на 5.Енергетски форум на ЈИЕ, што денеска се одржа во Солун. 

    Договорот го потпишаа извршната директорка на ДЕСФА, Мариа Рита Гали, и извршниот директор на НЕР АД „Скопје“, Бајрам Реџепи, во присуство на грчкиот министер за животна средина и енергија Костас Скрекас и амбасадорите на САД во двете земји Џефри Пајат и Кејт Брнз.

    ВЛАДАТА ГО ОДОБРИ ДОГОВОРОТ МЕЃУ „НЕР” И „ДЕСФА” ЗА ИЗГРАДБА НА ГАСОВОДОТ СО ГРЦИЈА

    Според вицепремиерот Фатмир Битиќи, изградбата на интерконекторот со Грција ќе ни даде можност да се позиционираме како регионален центар за снабдување со гас на земјите во регионот на Југоисточна Европа.

    Битиќи, кој учествуваше на денешниот настан во Солун, истакна дека овој договор ги дефинирани условите за соработка и временската рамка за изградбата на интерконекторот.

    „Тоа е еден од нашите клучни проекти. Изградбата на овој интерконектор ќе отвори можности за двете земји, но не само за нив. Ќе ни даде можност да се позиционираме како регионален центар за снабдување со гас на земјите во регионот на Југоисточна Европа. За националната економија  тоа ќе ќе значи диверзифицирани извори на енергија и поттикнување на конкурентноста“, рече Битиќи, најавувајќи дека се планираат интерконектори и со другите соседни земји, како Косово, Србија и Албанија.

    Битиќи, во своето обраќање, се осврна и на другиот проект со Грција, односно потпишаниот договор за соработка за изградба на гасниот терминал во Александруполи.

    СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ОФИЦИЈАЛНО СТАНА ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ АЛЕКСАНДРУПОЛИ

    „Докажавме дека е можно да се соработува, дека не постои непремостлива пречка и дека, преку дијалог, меѓусебно почитување, разбирање и соработка, секој предизвик може да се реши, а овие стратешки проекти кои се важни за целиот регион и се поддржани од нашите партнери ЕУ и НАТО, се доказ за тоа“, истакна Битиќи.

    Рече дека веќе постои согласност во првиот квартал на 2022 година да биде воспоставен нафтоводот помеѓу Солун и Скопје, со кој управува „Хеленик Петролеум“, што е „дополнителен заеднички напор кој го покажува визионерскиот пристап на Северна Македонија и Грција, каде што геополитичките позиции се користат мудро за зголемување на конкурентноста и економската благосостојба на граѓаните во двете земји“.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ