сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Битиќи: Проектите од енергетиката се најзастапени во Интервентниот план за инвестиции

    Во вкупните инвестиции, најголем обем зафаќаат проекти од енергетиката, предвидени на ниво од 3,1 милијарди евра, со што го докажуваме нашиот фокус на  транзиција кон зелена енергија, изјави вицепремиерот, на Енергетскиот форум за ЈИЕ  во Солун

     

    Новиот закон за енергетика е целосно усогласен со регулативите на  ЕУ, како и со Енергетската заедница, и овозможува реализација на новата Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година и на Националниот план за клима и енергија, кој чека на усвојување, изјави вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи, говорејќи за енергетските политики во Северна Македонија, на Енергетскиот форум за Југоисточна Европа што денеска се одржа во Солун.

    Битиќи посочи дека Енергетската заедница „ги пофали нашите напори и посветеност“ во тој правец, бидејќи, како што рече, сме првата земја  од Западен Балкан што го стори сето тоа.

    Тој објасни дека Владата го усвои Интервентниот план за инвестиции, со кој во еден среднорочен период, до 2027 година, е предвидена реализација на инвестиции во вредност од 8,2 милијарди евра.

    „Најголем обем во вкупните инвестиции зафаќаат токму проекти од енергетиката, предвидени на ниво од 3,1 милијарди евра, со што го докажуваме нашиот фокус на транзиција кон зелена енергија. Следуваат 2,7 милијарди евра за патна и железничка инфраструктура,  што е уште еден доказ дека сме посветени на градење врски со соседите и овозможување на услови за поголема конкурентност и на Северна Македонија, но и на целиот регион на Западен Балкан“, рече вицепремиерот.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ