петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    С Македонија аплицира кај Климатскиот инвестициски фонд за поддршка на транзицијата од јаглен

    Целта на оваа програма е да се поддржи транзицијата од јаглен/ фосилни горива во некои од земјите во развој

     

    Владата, на последната седница, ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со можноста за аплицирање за Климатскиот инвестициски фонд.

    Во рамки на оваа одлука,  Министерството за економија доби обврска, во име на Владата, да ја пополни апликацијата за изразување интерес за учество во Програмата за интеграција на обновливи извори на енергија и за учество во Програмата за забрзување на транзицијата од јаглен, кај Климатскиот инвестициски фонд.

    ДИЈАЛОГ ЗА ПРАВИЧНА ТРАНЗИЦИЈА КОН ОДРЖЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА – ГОДИШЕН СОСТАНОК НА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА РЕГИОНИТЕ СО ЈАГЛЕН

    елта на оваа Програма, како што наведуваат од Владата, меѓу другото, е да се поддржи транзицијата од јаглен/ фосилни горива во некои од земјите во развој кои користат и произведуваат јаглен, вклучително и оние каде што производството од термоелектраните на јаглен е доминантно во енергетскиот микс.

    С МАКЕДОНИЈА ДО 2030 ГОД. ЌЕ ГО НАПУШТИ ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ЈАГЛЕН

    НАЈНОВИ ВЕСТИ