четврток, март 28, 2024
spot_img
Повеќе

    Горивата поевтинуваат во просек за 1,91 отсто, по поскапувањето од минатата седмица

    Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 62,5 денари за литар, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 62 денари

     

    Бензините и дизелот од полноќ поевтинуваат за денар, а екстра лесното масло за домаќинствата за 1,5 денари.

    Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, новата цена на литар од моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 72 денари, а 74 денари на ЕУРОСУПЕР БС -98, додека дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 62,5 денари за литар, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 62 денари.

    Поевтинува и мазутот М-1 НС за 1,105 денари за килограм и ќе се продава по 36,876 денари.

    Со одлуката на РКЕ, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,91 процент во однос на одлуката од 3 август.  

    Минатиот понеделник, малопродажните цени на нафтените деривати во просек  пораснаа за 3,36 отсто.

    РКЕ во образложението за цената на горивата наведува дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 2,646 проценти, дизелот за 3,041 проценти, екстра лесното масло за 2,917 проценти, а кај мазутот намалувањето е за 3,215 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,548 проценти.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ