сабота, септември 18, 2021
spot_img
Повеќе

    Бензините поевтини за 1,5 денар, а дизелот за 1 денар

    Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 71 денар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 73 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 60, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 62 денари

     

    Одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22 отсто донесе Регулаторната комисија за енергетика.

    Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од утре ќе поевтинат за 1,5 денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1 денар по литар.

    Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 71 денар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 73 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 60 денари, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 62 денари за литар.

    За 1,138 денари се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 36,880 денари.

    Како што информираат од РКЕ, корекцијата на цените на нафтените деривати е поради нивното поевтинување на светските берзи: бензинот за 4,152 %, дизелот за 4,259 %, екстра лесното масло за 4,631 % и кај мазутот за 4,31%.

    Неделата почна со пад на цените на нафтата на светските берзи

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја