сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Неделата почна со пад на цените на нафтата на светските берзи

    Како причина се посочува загриженоста за побарувачката во услови на ширење на ковид-19

     

    Под 74 американски долари паднаа цените на нафтата во почетокот на неделава на меѓународните пазари, поради загриженоста за побарувачката во услови на ширење на ковид-19 и промените во законите за увоз во Кина.

    На лондонскиот пазар цената на барелот ослабе за 35 центи и изнесуваше 73,75 долари, додека на американскиот пазар падна за 44 центи и се тргуваше по 71,63 долари за барел.

    Бројот на случаи на коронавирус продолжи да расте за време на викендот, а некои земји кои потврдија позначителни дневни стапки на раст ги проширија рестриктивните мерки, со што се забави побарувачката на нафта.

    Кина, како најголем увозник на сурова нафта, исто така, бележи пораст на нови случаи на ковид-19. Покрај тоа, мерките на Пекинг за спречување на злоупотреба на увозни квоти, комбинирани со притисок од високите цени на сурова нафта, може да го забават кинескиот раст, кој е со најголема стапка во последните две децении.

    Силната побарувачка од САД придонесе цените на двата пазари да закрепнат по падот од седум проценти минатиот понеделник и минатата недела и да ги остварат своите први добивки во последните две до три недели.

    Глобалните пазари на нафта се очекува да останат дефицитарни, и покрај одлуката на ОПЕК и нивните сојузници да го зголемат производството во остатокот од годината.

    ОПЕК на својата веб-страница денес објави дека цената на барел од „референтната корпа’ на нејзините членки во петокот е 73,03 американски долари, што значи дека порасна за 94 центи од претходниот работен ден.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ