петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    „Северен поток 2“ треба да финишира до крајот на август

    Според операторот, целта е гасоводот да почне со работа оваа година

     

    Гасоводот „Северен поток 2“ меѓу Русија и Германија треба да заврши за неколку недели, односно до крајот на следниот месец, соопшти операторот.

    „Очекуваме градежните работи да завршат до крајот на август“, изјави шефот на „Северен поток 2“, Матијас Варниг, за германски медиуми.

    Според него, целта е гасоводот да почне со работа оваа година.

    „Досега се завршени 98 процент од гасоводот. Преостанатите два проценти се однесуваат на една од двете линии. Втората линија е завршена“, изјави Варниг.

    Гасоводот долг 1.200 километри го преминува Балтичко Море и ќе може да пренесува 55 милијарди кубни метри гас годишно, заобиколувајќи ја Украина.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ