сабота, јули 31, 2021
spot_img
Повеќе

    Бензините повторно поскапуваат за половина денар

    Согласно со одлуката на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати во просек  се зголемуваат за 0,28 отсто во однос на одлуката од 5 јули

     

    Бензините од полноќ поскапуваат за 0,5 денари, додека дизелот останува со иста цена, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

    Согласно со одлуката на Регулаторната комисија, малопродажните цени на нафтените деривати во просек  се зголемуваат за 0,28 отсто во однос на одлуката од 5 јули годинава.

    Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денар за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат и остануваат на исто ниво.

    Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 72 денари за литар, Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 74 денари за литар, Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63 денари за литар, Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63 денари за литар и Мазут М-1 НС 37,719 денари за килограм.

    Во изминатата недела, референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 0,887 отсто, кај дизелот има намалување за 0,292 проценти, кај екстра лесното масло зголемување за 0,118 отсто и кај мазутот намалувањето е за 0,579 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,495 отсто.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја