вторник, април 23, 2024
spot_img
Повеќе

    Северна Македонија и Грција потпишаа Договор за изградба на интерконектор за природен гас

    Договор меѓу владите на Северна Македонија и Грција за изградба на интерконекторот за природен гас беше потпишан од страна на министерот за економија на земјава Крешник Бектеши и грчкиот министер за животна средина и енергија, Костас Скрекас денеска во Атина.

    Станува збор за проект вреден околу 100 милиони евра, од кои 54 милиони евра се во Северна Македонија.

    Со интерконекторот за природен гас се отвора огромна можност, не само за Северна Македонија, туку и за Србија, за Косово и за целиот регион на Западен Балкан и со него ќе се овозможи диверзификација на природниот гас.

    -Ова е голем чекор напред кон подобрување на енергетската структура на нашата држава и секако тоа ќе придонесе во диверзификација на снабдувањето со природен гас, а секако и во однос на стабилноста во снабдувањето со природен гас, изјави Бектеши по потпишувањето.

    -Ова е важен договор, ќе се создадат илјада работни места за време на изградбата. Околу 110 милиони евра ќе чини изградбата на овој важен проект, што ќе ги обедини двата системи за природен гас на двете држави и секако, откако ќе почне со работа, овој гасовод многу ќе помогне во дополнителниот развој на нашите економии, рече Скрекас.

    Инаку, на маргините на конференцијата на „Економист“ во Атина, премиерот Зоран Заев, оствари средба со амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат. На средбата, со фокус на енергетско-економските иницијативи, Заев рече дека денешното потпишување на Договорот за гасниот интерконектор е историски за Северна Македонија од аспект на тоа што Северна Македонија за прв пат инвестира со Грција во еден ваков стратешки проект за целиот регион.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ