сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    АД ЕСМ понуди пониска цена за електрична енергија од лани

    Државната енергетска компанија АД ЕСМ понуди најниска цена од  36,1 евро за мегават час на тендерот за набавка на електрична енергија за следните шест месеци што го распиша Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

    -На денешната аукција за набавка на количини на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците, ЕВН Хоум како Универзален снабдувач на електрична енергија доби најповолна  понуда од АД ЕСМ со цена од 36,1 евро за мегават час, информираат од ЕВН Македонија.

    На тендерот, додаваат, учествуваа две компании – АД ЕСМ и ЕФТ.

    Цената која ја понуди ЕСМ на тендерот на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум е за седум проценти пониска цена од лани, или 36,1 евро по мегават час, е цената за електричната енергија која ја понуди ЕСМ на тендерот на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоме. Лани кога цената на струјата се покачи за 7,5 проценти, таа изнесуваше 38,8 евра.

    Според Законот за енергетика, ЕСМ годинава треба да обезбеди 70 отсто од потребните количини на ЕВН Хоум за снабдување на тарифните потрошувачи. Лани АД ЕСМ понуди цена од 38,8 евра за мегават час и целосно ги обезбеди потребите на ЕВН Хоум иако имаше обврска да обезбеди само 75 отсто.

    Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) до крајот на месецов треба да ја соопшти новата цена на електричната енергија која, како што велат од РКЕ, најмногу зависи од сумата која денеска ја понуди АД ЕСМ.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ