петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Дијалог за правична транзиција кон одржливи извори на енергија – годишен состанок на Иницијативата за регионите со јаглен

    Иницијативата, која се однесува на земјите од Западен Балкан плус Украина, ја предводи Европската Комисија, во соработка со шест меѓународни партнери

    Oтворeн и инклузивен дијалог за постепено напуштање на употребата  на јагленот и правична транзиција кон одржливи извори на енергија во Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Украина… е целта на Иницијативата за регионите со јаглен кои се во транзиција во Западен Балкан и во Украина,  а која  денеска и утре  ќе го одржи онлајн годишниот состанок.

    Иницијативата ја предводи Европската Комисија, во соработка со шест меѓународни партнери: Светската банка, Секретаријатот на енергетската заедница, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската инвестициска банка (ЕИБ), полската Национална фондација за заштита на животната средина и управување со водите (НФОСиГВ), и Колеџот на Европа во Натолин.

    Целта е да се поттикне дијалог ширум целиот регион и помеѓу засегнатите страни преку споделување на знаења, градење на капацитетите и размена помеѓу регионите со јаглен во Западен Балкан и во Украина и ЕУ.

    Иницијативата ќе ги поддржи регионите со јаглен кои се стремат да спроведат праведна транзиција кон одржливи извори на енергија.

    Земјите што се наоѓаат во фокусот на иницијативата се Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Украина. Со првичниот скрининг беа идентификувани 17 региони со значителни јагленокопни активности и термоцентрали на јаглен кои се квалификуваат да земат учество во иницијативата.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ