среда, април 24, 2024
spot_img
Повеќе

    Поддршка од ЕУ и за зелената агенда и за енергетска ефикасност очекува деловната заедница од Западен Балкан

    ЕК и Форумот за инвестиции на Западен Балкан покренаа заедничка деловна платформа, која обединува бизнисмени од регионот и претставници на ЕУ, со цел зајакнување на дијалогот и поддршка на економиите од регионот

     

    Деловната заедница од Западен Балкан очекува поддршка од ЕУ во спроведувањето на зелената агенда, подобрување на енергетската ефикасност и зголемување на употребата на водород и биомаса, како и во пренесување знаење и технологија за да се запрат младите луѓе да ги напуштаат земјите од регионот, јавуваат медиумите во Србија.

    Како што соопшти српската Стопанска комора, Европската комисија и Форумот за инвестиции на Западен Балкан (КИФ ЗБ 6) покренаа заедничка деловна платформа „ЗБ6-ЕУ“, што обединува бизнисмени од регионот и претставници на ЕУ, со цел зајакнување на дијалогот и поддршка на економиите од регионот, за да се подготват за интеграција во европскиот единствен пазар.

    „Со воспоставување  заедничка платформа и зајакнување на дијалогот помеѓу деловната заедница од Западен Балкан и институциите на ЕУ, ние ја поставуваме сцената за ефикасно решавање на сите важни деловни прашања за нашите компании, кои во голема мера ги исполнуваат сите европски стандарди“, нагласи Марко Чадеж, претседател на српската Стопанска комора.

    Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, усвоен во октомври 2020 година, има за цел долгорочно закрепнување на економијата во регионот, да ја поддржи зелената и енергетска транзиција, да ја зајакне интеграцијата во регионот и ЕУ и предвидува инвестиции  во вредност од девет милијарди евра.

    Еврокомесарот Оливер Вархеји изјави по тој повод дека очекува јавно-приватен дијалог за да се олесни спроведувањето на економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан.

    „Тешко е да се најде причина зошто не би го прифатиле регионот како дел од ЕУ“, додаде Вархеји.

     

     

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ