вторник, октомври 26, 2021
spot_img
Повеќе

    Владата се уште не донела одлуки за еколошка такса и  за намалување на ДДВ за струјата 

    Министерот Бесими рече дека се прават сеопфатни анализи во поглед на владината еколошка агенда за зелена транзиција, инвестирање во обновливи извори на енергија и создавање еколошки фонд

     

    Владата сè уште нема донесено одлуки за воведување еколошка такса од четири денари и за намалување на ДДВ за струјата од 18 на 5 проценти,  информира министерот за финансии Фатмир Бесими, во врска со претстојниот ребаланс на буџетот за 2021 година.  Тој рече дека се прават сеопфатни анализи во поглед на владината еколошка агенда за зелена транзиција, инвестирање во обновливи извори на енергија и создавање еколошки фонд

    „Не се работи за зголемување на акцизи, туку за еколошки такси, со кои се опфатени и нафтените деривати. За оваа мерка Владата сè уште нема донесено одлука. Тоа е агенда усвоена во ЕУ, тоа е Париската агенда за зелен раст, а исто така и делот на зелената агенда на Западен Балкан што минатата година во октомври исто така беше усвоена и препорачана од страна на ЕУ. И ние сме ја прифатиле како Влада. Откако ќе се направат сеопфатни анализи, ќе следат консултации со стопанските комори, како и со другите чинители кои се засегнати со мерка, а потоа ќе донесеме одлука“, изјави Бесими.

    Исто ќе постапиме, рече тој,  и во однос на намалувањето на ДДВ за струјата.

    „Ние ги следиме трендовите и барањата на граѓаните, а по анализите и дискусиите со опфатените со мерката, ќе донесеме одлука“, рече Бесими.

    Тој не потврди дали овие мерки ќе се најдат во ребалансот на буџетот и ќе почнат да важат од 1 јули. Се уште немаме донесено одлука на Влада, потенцира Бесими. 

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја