четврток, март 28, 2024
spot_img
Повеќе

    Вонредна седница на РКЕ за мазутот

    Владата соопштено дека утре ќе се одржи посебна прес-конференција на оваа тема

     

    Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за утре закажа вонредна седница на која ќе бидат донесени соодветни одлуки поврзани со мазутот.

    Како што соопштија од РКЕ, денеска се одржал подготвителен состанок за состојбата со мазутот, на кој утринава присуствувале и претставници од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

    На состанокот е договорено ДПИ да достави дополнителни документи, за да може РКЕ да има целосен пресек на состојбата во однос на мазутот. Како што се посочува, на подготвителниот состанок комесарите детално ги анализирале сите наоди од редовните и вонредни контроли на терен и се прегледувале сублимираните извештаи од секторот мониторингот, истраги и прекршоци.

    Од Владата соопштија вечерва дека утре ќе се одржи посебна прес-конференција на оваа тема, откако на денешната седница е усвоена информацијата за преземените активности.

    Вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши утре ќе одржат прес-конференција за сознанијата и за мдерките што ги преземаа Царинската управа, ДПИ и Државната инспекција за животна средина, во врска со  објавените наводи за дистрибуцијата на нафтени деривати, односно мазут.

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ