четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Мицкоски: Струјата набрзо ќе поскапи за минимум 15 проценти

    Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, РКЕ ќе дозволи зголемување на сметките за електрична енергија за 2,5 отсто, додека другите проценти ќе бидат поради поскапата цена на струјата што ЕСМ ќе ја понуди на „ЕВН хоум“

     

    Цената на струјата ќе поскапи за минимум 15 отсто по 30 јуни, а поскапувањето може да оди и до 18 проценти, предупреди денеска лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

    Според него, Регулаторната комисија за енергетика ќе дозволи зголемување на сметките за електрична енергија за 2,5 отсто, додека другите проценти ќе бидат поради поскапата цена на струјата што ЕСМ ќе ја понуди на „ЕВН хоум“ како универзален снабдувач.

    Според Мицкоски, АД ЕСМ минатата година ја завршило со загуби од речиси 17 милиони евра и затоа, наместо досегашните 38, 5 евра за мегават-час, тие на „ЕВН хоум“ ќе понудат цена од 55 до 58 евра за мегават-час. Тоа, како што рече, ќе биде од околу 70 отсто од потребите на ‘ЕВН хоум’, односно од потребите на потрошувачите кои добиваат сметки од ЕВН. Останатите 30 проценти ќе биде цената што ќе ја понудат трговците, а таа во моментов на берзите за електрична енергија изнесува околу 70 евра. Кога сето ова ќе се сведе на вкупна цена на електрична енергија, односно струја, плус тарифа за МЕПСО, тарифа за пазар и тарифа за дистрибутер, Мицкоски очекува граѓаните да плаќаат зголемување од  најмалку 18 проценти.

    Поради ова, како што рече Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ даде предлог за намалување на ДДВ на сметките за електрична енергија од 18 на 5 проценти, што РКЕ, како што вели, сакала да го присвои како свој предлог.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ