петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Акредтирано тело да зема мостри од мазут за потребите на ДПИ, одлучи Владата

    Царинската управа и Бирото за метрологија добија задолжение за земање примероци за анализа, согласно со Правилникот за квалитет на течни горива, и да ги достават на испитување до акредитирана лабораторија

     

    Бирото за метрологија да склучи договор со акредитирано тело за земање  мостри од мазут за потребите на Државниот пазарен инспекторат, одлучи Владата на денешната седница, во врска со наводите дека во земјава се увезувало токсично масло.

    Царинската управа и Бирото за метрологија добија задолжение, за потребите на Државниот пазарен инспекторат, по негово барање, да спроведат постапка за земање примероци за анализа, согласно со Правилникот за квалитет на течни горива, и да ги достават на испитување до акредитирана лабораторија.

    Денешните заклочоци се всушност дополнувања на оние што Владата ги усвои пред два дена во однос на увозот, контролата и анализата на увезениот мазут.

    ОСВЕН ЗА МАЗУТОТ, ПОЧНУВААТ ВОНРЕДНИ КОНТРОЛИ И ЗА МОТОРНИТЕ БЕНЗИНИ И ДИЗЕЛОТ

    Во вторникот беа разгледаи извештаите поднесени од страна на надлежните институции, поврзани со информациите за случајот со увоз на нафтени деривати и донесена беше одлука дека е неопходно за одредени наоди, дел од надлежните институции да достават дополнителни информации во рок од седум дена.

    ВЛАДАТА ИМ ДАДЕ 14 ДЕНА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ДА СПРОВЕДАТ КОНТРОЛИ ЗА СПОРНИОТ МАЗУТ

    НАЈНОВИ ВЕСТИ