петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Бислимовски за барањата на енергетските компании: На сметка од 1 000 денари поскапувањето би било за 50 денари

    Во РКЕ се разгледуваат барањата на компаниите, така што кон крајот на наредната недела ќе се знае колку ќе бидат тарифите за пренос, за дистрибуција и за операторот на пазарот

     

    Ќе има нова цена на електричната енергија. Барање за цени доставиле и МЕПСО, и ЕСМ, и МЕМО и ЕВН хоум, како што потврди, во гостување на ТВ 24, Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

    „Не можеме сега да кажеме дали ќе има поскапување на цената на електричната енергија. Но кон крајот на наредната недела ќе го знаеме тој дел што го регулираме, колку ќе биде тарифата за пренос, тарифата за дистрибуција и колку ќе биде за операторот на пазарот, а РКЕ ќе го преслика трошокот во зависност од цената што ќе ја понуди ЕСМ“, рече Бислимовски.

    Тој рече дека МЕПСО бара зголемување на својата услуга за 143%, Електродистрибуција за дистрибуција бара зголемување за 0.95 %, а МЕМО бара зголемување на својата услуга за 45%. Ако се земат предвид сите нивни барања, според Бислимовски, на сметка од 1 000 денари цената ќе се зголеми за 50 денари. Гарантирам, рече тој, дека овие нивни барања нема да бидат прифатени во целост.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ