петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Заев: Развиваме огромни енергетски проекти со Грција

    Македонскиот премиер вели дека енергетиката, инфраструктура и гасификацијата биле во фокусот на разговорите што ги водел при неодамнешната посета на Атина

     

    Проектите од областа на енергетика, инфраструктура и гасификацијата биле во фокусот на разговорите што премиерот Зоран Заев ги водел во Грција, при неговата неодамнешна посета на Атина, каде што тој и вицепремиерот за европски прашања  Никола Димитров учествуваа на „Делфи“ самитот.

    „Целиот свет е посветен на темата инвестирање во обновливите извори, енергетската ефикасност, заштеда на енергијата, енергетиката и дигитализацијата. Генерално и ние сме посветени на овие приоритети”, изјави Заев во „Утрински брифинг.

    Тој ги спомена нашата инвестиција во терминал за течен гас во Александропули, гасната централа  од 400 милиони евра, гасниот терминал од 370 милиони евра… како главни геостратегиски приоритети, посебно нагласувајќи ги и нафтените инвестиции и гасоводниот систем кој е важен за Северна Македонија како главна транзитна точка за гасот од Грција, со што, како што рече, ќе се надмине монополот во снабдувањето со гас.

    „Сето ова влијае на намалување на цената на гасот, на стабилизирање на цената на електричната енергија, но и на потрошувачката, екологијата дома, заменувањето на фосилните горива. Огромни се проектите кои се развиваат со соседна Грција и тоа во сите области. Треба да знаат граѓаните дека веќе развиваме програми во кои создаваме Фонд за обновливи извори на енергија и следуваат сериозни предизвици за да го намалиме влијанието на климатските промени“, посочи Заев, оценувајќи дека во сферата на енергетската транзиција Северна Македонија е понапред од повеќе европски земји во постапките за затворањето на централите кои работат на јаглен.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ