среда, април 24, 2024
spot_img
Повеќе

    Енегетската транзиција и гасификацијата – двигатели на економскиот раст по справувањето со пандемијата

    Заев на онлајн средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд

     

    Енергетската транзиција, инвестициите во обновливи извори и гасификацијата ќе бидат основните двигатели на економскиор раст по надминувањето на последиците од пандемијата, според очекувањата што премиерот Зоран Заев ги изнел денеска, на онлајн состанок со претставници на ММФ.

    Заложбите на Владата на Северна Македонија се максимално насочени кон економски развој, со фокус на енергетска транзиција, инвестиции во обновливи извори, гасификација, посочил Заев на состанокот со шефицата на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд  за нашата земја, Берглјот Бјорнсон Баркбу, резидентната претставничка на ММФ за Западен Балкан, Штефани Ебле и економисти на ММФ во Вашингтон.

    На состанокот се дискутирало за изгледите за економски раст во земјава,  согласно со  разговорите што ги имаше мисијата на ММФ во последниве десеттина дена. Во фокусот биле монетарната и фискалната политика, како и инвестицискиот план и среднорочната фискална стратегија.

    Заев информирал и за позитивните трендови во земјата кои даваат сигнал на стабилизирање на економија, зајакнување на довербата кај инвеститорите, како и за растот на извозот, на индустриско производство, внатрешниот промет, како и на просечната месечно исплатена нето плата.

    Во врска со проекцијата за економски раст, Заев информираше дека, согласно со владините проекции, економски раст ќе остане на 4,1% за 2021 година, што е на линија со проекциите на ММФ од 3,8 %, Народната банка од 3,9% и на Европската комисија од 3,7%.

    На состанокот се дискутирало и за придобивките од влезот во НАТО, што за инвеститорите е позитивен сигнал, бидејќи ја зголемува предвидливоста и сигурноста на деловниот амбиент за нови инвестициски вложувања кои веќе се најавени во земјава.

    На состанокот е заклучено и дека со стивнувањето на пандемијата и масовната вакцинација се дава силен стимул дека економијата се враќа на патеките на економски раст.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ