петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Наместо карго аеродром, Владата планира фотонапонска електрана кај Штип

    Се задолжува АД ЕСМ да ангажира консултант за подготовка на тендерска документација и помош при спроведување на постапката за изградба на електрана од 300 MW до 350 MW

     

    Владата, на денешната седница, на предлог на Канцеларијата на  премиерот, го задолжи АД ЕСМ да изработи студија за оправданост и сите потребни технички и финансиско економски анализи, со цел изградба на фотонапонска електрана од 300 MW до 350 MW, на локација во непосредна близина на Штип, на земјиштето кое беше планирано за изградба на карго аеродром.

    Со заклучок на Владата, се задолжува АД ЕСМ да ангажира консултант за подготовка на тендерска документација и помош при спроведување на постапката за изградба на фотонапонска електрана од 300 MW до 350 MW,  во процедура со договор за изградба „клуч на рака“, со обезбедување на потребните финансиски средства од страна на изведувачот, согласно меѓународните искуства за ваков тип на проекти.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ