среда, мај 12, 2021
spot_img
Повеќе

    Инвестиции во чиста енергетска технологија, истражувања и инфраструктура, најавија САД на Светскиот самит на климата

    Климатските катастрофи ширум светот ни укажуваат дека најстрашното нешто што можеме да го сториме е  да не правиме ништо“, оцени државната секретарка за енергетика

     

    За нашата генерација, борбата со климатските промени e како лет до Месечината, нагласи американската државна секретарка за енергетика Џенифер Гренхолм, на вториот и последен ден на Светскиот самит за климата.

    Таа истакна дека преминот кон енергија исчистена од фосилни горива и штетни гасови може до 2030 година да го зајакне американскиот пазар до 23 трилиони долари.

    „Климатските катастрофи ширум светот ни укажуваат дека најстрашното нешто што можеме да го сториме е  да не правиме ништо“, оцени Гренхолм, таа, истакнувајќи дека Министерството за енергетика на САД ќе објави нови цели за различни технологии во следните недели.

    Зборуваше за новите вработувања и инвестиции во еколошки чисти технологии, како и за прочистување и складирање на јаглерод, производство на сончеви акумулатори и автомобили на електричен погон.

    На оваа сесија главно се разгледуваа технолошки прашања.

    Дводневниот онлајн самит, со учество на десеттина шефови на држави, го организираше новиот американски претседател Џо Бајден, со цел да потврди дека објави дека САД се враќаат на масата за преговори за прашања поврзани со климатските промени.

    Неговиот претходник, Доналд Трамп, во 2017 година, се повлече од Парискиот климатски договор за намалување на загадувањето со штетни гасови и запирање на климатските промени.

    Бајден вчера вети нова цел за намалување на штетните гасови за 50 до 52 процента до 2030 година. Неговата посветеност е најамбициозната климатска цел на САД досега, речиси двојно повеќе отколку што администрацијата на Обама вети дека ќе ги исполни во Парискиот договор.

    ВРАЌАЊЕ ВО ПАРИСКИОТ ДОГОВОР И КОНТРОЛА НА СТАКЛЕНИЧКИТЕ ГАСОВИ – ПРИОРИТЕТИ ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ПОЛИТИКА НА БАЈДЕН

    „Кога инвестираме во климата и во инфраструктурата, создаваме можности за сите“, рече Бајден на самитот.

    Тој побара од лидерите деловни и синдикалние организации да го промовираат неговиот план за намалување на зависноста на американската економија од фосилни горива со инвестирање трилиони долари во чиста енергетска технологија, истражувања и инфраструктура, истовремено спасувајќи ја планетата.

    „Не можеме да ги победиме климатските промени без нови инвестиции. Мораме да сториме повеќе и побрзо да ги намалиме емисиите“, изјави Мајкл Блумберг, милијардер и поранешен градоначалник на Њујорк.

     

    Latest Posts

    spot_img

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја