четврток, март 28, 2024
spot_img
Повеќе

    Опозициските пратеници против кандидатот за нов член на РКЕ

    Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Тасев има актуелна партиска функција во СДСМ, што е спротивно на Законот за енергетика

    Пратениците од власта и од опозицијата, на денешната седница, настапија со спротивставени ставови за предлогот на Владата Андреј Тасев да биде член на Регулаторната комисија за енергетика.

    Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека РКЕ мора да биде независна и да ги штити потрошувачите, а не, како што велат, да ги штити интересите на СДСМ. Според нив, СДСМ спротивно на законот ќе постави партиски функционер за член на РКЕ.

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски смета дека продолжува, како што рече, дрското и бесрамно спроведување на политиките на СДСМ во енергетиката и пополнување на клучните места во енергетскиот сектор со нестручни и некомпетентни лица со искуство што го бара законот.

    „Согласно со Законот за енергетика, тој што ќе биде предложен во оваа комисија не смее да има партиска функција. Предложениот Андреј Тасев, кој треба да биде член на РКЕ, седи до Зоран Заев, но  е и носител на листа на СДСМ за Дојран во 2001 година и во два мандата бил советник на СДСМ, што е спротивно на законот. Тасев го има и на список на Централниот одбор на СДСМ. Човекот кој треба да стане дел од РКЕ има  партиска функција“, рече Стојаноски.

    Тој ги повика Државната комисија за спречување на корупција и сите надлежни органи да не дозволат вакво нешто да се случи и додаде дека овој кандидат не ги исполнува условите да биде член на РКЕ.

    Пратениците од СДСМ посочија дека Андреј Тасев е вистинскиот кандидат за ова место и забелешките на ВМРО-ДПМНЕ за нив се неосновани и необјективни. Тие нагласија дека Тасев има соодветно високо образование, работно искуство и е стручен за областа за која се предлага. Потврдија дека во два мандати бил член на Советот на Општина Дојран и работел, како што велат, за интересите на сите граѓани и бил претседател на УО на ЈПКД „Комуналец Полин“ од Стар Дојран.

    Гласањето за оваа точка дополнително ќе биде закажано.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ