сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Усвоен е ревидиран национален придонес кон Договорот од Париз за намалување на емисиите на стакленички гасови

    Како што наведуваат од Владата, ревидираниот национално утврден придонес кон Договорот од Париз е одраз на Зеленото сценарио од Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година

     

    Ревидиран национален придонес кон Договорот од Париз за климата усвоила Владата на вчерашната седница. Документот бил предложен од Министерството за животна средина и просторно планирање.

    „Со тоа како национална цел е поставена амбиција во 2030 година да се постигне 51 процент намалување на емисиите на стакленички гасови, во однос на емисиите од 1990 година“, истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

    Тој истакна дека тој стратешки документ претставува нов, поамбициозен придонес кон глобалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови и е фокусиран на ублажувањето на климатските промени.

    „Позитивниот аспект од усвојувањето на овој амбициозен Ревидиран национален придонес е засилен со фактот дека тој го одредува придонесот на државата во реализација на Зелената агенда на ЕУ и Инвестицискиот план за Западен Балкан на ЕУ и може да служи како инструмент за засилени инвестиции“, објаснува Нуредини.

    Во поднесокот се вградени резултатите од анализите за потенцијалот за намалување на емисиите на стакленичките гасови при што вкупно се анализирани 63 политики и мерки за ублажување во секторите: енергија (вклучително и снабдување со енергија, резиденцијален сектор, неспецифицирани сектори, индустрија и транспорт), земјоделство, шумарство и друга употреба на земјиште, отпад и дополнителни мерки (овозможувачки мерки на мерките за ублажување).

    Како што наведуваат од Владата, ревидираниот национално утврден придонес кон Договорот од Париз е одраз на Зеленото сценарио од Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година и е целосно усогласен со предлог- националниот план за енергија и клима. Дополнително, тој е силно поврзан со изработката на долгорочната Стратегија, за која во моментов Министерството води процес на стратегиска оценка на влијанието на регулативата, како и Законот за климатска акција, чија прва работна верзија се финализира

    НАЈНОВИ ВЕСТИ