четврток, март 28, 2024
spot_img
Повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Шверцерска одлука на РКЕ, на еден час пред полициски час бензините поскапени за 3 денари

    Шверцерска одлука на РКЕ, на еден час пред полициски час бензините поскапени за 3 денари, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

    -Ова е второ покачување на цените на горивата оваа недела, откако на 5 април беа веќе еднаш покачени. Ова е 4 денари покачување за една недела. Ова е преседан и сигнализира дека власта незнае како да го полни буџетот па удира по народот. Партиската испостава на Заев, која го регулира енергетскиот пазар ги покачи цените на горивата во сред недела, на само еден час пред почеток на полициски час. Граѓаните брзаат кон бензинските и се создаваат колони со возила. РКЕ на Заев во пандемија немилосрдно удира по џебот на граѓаните, истакнуваат од опозицијата.

    По покачените акцизи, константното покачување на цените на горивата е уште еден начин за полнење на празниот буџет директно од сиромашните граѓани, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ .

    НАЈНОВИ ВЕСТИ