четврток, март 28, 2024
spot_img
Повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ за проектот Александрополис: Дома имаме нула инвестиции, а Владата инвестира во Грција

    „Додека сите влади упорно се борат да го зајакнат домашното производство на енергија, со цел да станат енергетски понезависни, нашата Влада се бори да нẻ задолжи со инвестирање во туѓи енергетски проекти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

     

    Меморандуми за учество во гасните проекти и за  инвестирање во Грција е одраз на незнаење и намера за уништување на енергетиката и економијата во земјава, според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која реагира на вчерашното официјализирање на влегувањето на С Македонија во проектот Александрополис.

    „Ова најверојатно е единствен случај во светот кога  Влада, која се соочува со нула инвестиции на сопствената територија и со презадолженост, упорно се труди да инвестира над 120 милиони евра во друга држава. Додека сите влади упорно се борат да го зајакнат домашното производство на енергија, со цел да станат енергетски понезависни, нашата Влада се бори да нẻ задолжи со инвестирање во туѓи енергетски проекти’, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Според Далибор Боградновски од ВМРО-ДПМНЕ, намерата за инвестирање во гасниот терминал и во гасната електрана во Александрополис не навестува ништо поволно. Досега, како што нагласува, не е прикажана никаква техно-економска студија,посебно дали е исплатлива цената на добиената електрична енергија од оваа гасна централа, знаејќи ги светските искуства.

    „Ова е показател дека таква студија најверојатно и не постои. А тоа пак го потврдува фактот дека сẻ ова што го прави Владата на СДСМ е паушално и неразумно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Од опозициската партија ѝ поставуваат неколку прашања на Владата во врска со влегувањето во овој проект:

    – Колку ќе добие земјата од ваквата инвестиција?

    – За колку време ќе се вратат вложените средства?

    – Која ќе биде цената на природниот гас?

    – Дали и за кој износ ќе биде намалена цената на гасот заради тоа што Македонија инвестирала во терминалот?

    – Колкава ќе биде цената на електричната енергија што Македонија ќе ја купува од оваа гасна централа?

    „Одговорите на овие клучни прашања упорно се кријат од јавноста, а се важни за исплатливоста на инвестицијата и евентуалните придобивки. Ако цената на природниот гас од терминалот во Александрополис не еа најниска во споредба со сите можни извори на снабдување во регионов, тогаш со право се доведува во прашање рентабилноста на неговото работење и способноста, или поточно кажано неспособноста за враќање на вложените финансии“, вели Боградновски.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ